Португалија и Норвешка повторно ќе ги одмерат силите во Лигата на нации, само неколку дена по меѓусебниот дуел во кој португалција славеа со 2-1. Вечерва двете селекции ќе се соочат во Порто, каде што домаќинот ќе се обиде да ја потврди фаворитската улога.
Португалија во последниот период игра во одлична форма. На последните 10 натпревари има седум победи, две ремија и само еден пораз, додека на домашен терен во последните седум средби оствари пет триумфи. Норвешка, пак, има пет победи, две ремија и три порази на последните 10 натпревари. На гостински терен во последните пет средби запиша три победи, едно реми и еден пораз, па сигурно нема лесно да се откаже од бодовите.
Традицијата, сепак, е убедливо на страната на Португалија. Во последните пет меѓусебни дуели има четири победи, додека Норвежаните славеле само еднаш. Особено импресивен е билансот на Португалија пред своите навивачи – три натпревари и три победи против Норвешка.
Дуелот во Порто започнува во 20:45 часот, а Португалија ќе има можност со нов триумф дополнително да ја потврди својата доминација во овој ривалитет.

