Возачот на Мекларен, Ландо Норис, покажа најдобра концентрација во квалификациите соочени со закана од дожд и ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Холандија. Британецот извозе најбрз круг на патеката Зандворт со време од 1:11,163, што беше за само 0,102 секунди подобро остварување од неговиот сонародник Џорџ Расел во болидот на Мерцедес.
Од третата позиција ќе стартува водечкиот во генералниот пласман, Кими Антонели, додека зад него се пласираа Оскар Пјастри и Луис Хамилтон во болидот на Ферари. Неговиот тимски колега Шарл Леклер заврши како шести, додека домашниот фаворит Макс Ферстапен мораше да се задоволи дури со седмото место. Меѓу првите десет на решетката влегоа уште и Лијам Лосон (како замена за повредениот Исак Хаџар во Ред Бул), Габриел Бортолето со Ауди и Арвид Линдблад од Рејсинг Булс.
Пред утрешната 12-та трка од овогодишниот шампионат во Формула 1, Антонели го диктира темпото на табелата со 224 бода, пред Хамилтон со 171 и Расел со 168. Трката за Големата награда на Холандија започнува во недела од 15:00 часот.

