Ландо Норис, возачот на МекЛарен, со одлично возење славеше победа на спринт трката за Големата награда на Мајами и дојде до првата победа во сезоната.
Британецот ја прекина доминацијата на Мерцедес од почетокот на сезоната и од стартот па се до крајот, во 19 круга не ја испушти првата позиција. Актуелниот шампион позади себе ги остави тимскиот колега Оскар Пјастри на втората позиција и Чарлс Леклер од Ферари на третата позиција.
Лидерот во вкупниот пласман, 19 годишниот Кими Антонели од Мерцедес, низ целта помина четврти, но поради казната од 5 секунди, трката ја заврши на шестата позиција.
Квалификациите за главната трка утре ќе стартуваат во 22:00 часот.

