Актуелниот шампион во Формула 1, Ландо Норис, го однесе болидот на Мекларен до пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Шпанија, откако ги надмудри ривалите од Мерцедес и Ферари во спектакуларната завршница од квалификациите во Мадрид.
Финишот на третиот квалификациски сегмент донесе вистински трилер на патеката. Прво Луис Хамилтон постава време од 1:32,079 и на кратко се чинеше дека е на чекор до својата прва пол-позиција по три години. Набрзо Кими Антонели го презеде врвот со 1:31,835, но последниот збор го имаше Норис. Британецот извлече максимален ритам и со 1:31,824 минути за само 11 илјадити делови од секундата го претекна младиот Италијанец.
Макс Ферстапен исто така успеа да го истисне Хамилтон и ќе стартува од третото место, додека Британецот во Ферари мораше да се задоволи со четвртата позиција. Во топ-10 за утрешниот старт влегоа уште и Шарл Леклер, Џорџ Расел, Оскар Пиастри, Лијам Лосон, Франко Колапинто и Арвид Линдблад. Разочарување за домашната публика беа Карлос Саинц и Фернандо Алонсо, кои испаднаа уште во првата квалификациска фаза.
Пред утрешниот старт на трката закажан за 15:00 часот, лидер во генералниот пласман останува Кими Антонели со 267 бода, пред Расел (201), Хамилтон (191) и Норис (171).

