Македонски фудбал Фудбал

Ноќен термин за Вардар и невообичаен викенд без неделен фудбал!

Фудбалската федерација на Македонија ги дефинираше сите термини за претстојното осмо коло во Првата македонска фудбалска лига, кое носи прилично невообичаен распоред и целосна пауза на терените во традиционалниот неделен термин.

Возбудувањата во македонската елита започнуваат уште во петок од 16:00 часот, кога ќе се одиграат две пресметки. Шкендија во Гостивар го пречекува тимот на Башкими, додека Силекс на домашен терен во Кратово ги одмерува силите со Тиквеш. Саботната програма носи вечерно шоу под рефлектори во главниот град, Вардар на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ ќе ѝ биде домаќин на Шкендија Арачиново со почеток од 20:00 часот.

За разлика од вообичаената пракса, оваа рунда нема да понуди ниту еден натпревар во недела. Фудбалот се враќа во понеделник од 16:00 часот со дуелот меѓу Струга Трим Лум и Арсими, додека последниот натпревар од осмото коло е закажан за вторник, кога Брегалница и Скопје ќе ги одмерат силите од 18:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.