Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Нојер се врати на тренинзите и го потврди статусот на прв голман

Искусниот чувар на мрежата на Баерн Минхен, Мануел Нојер, целосно се рехабилитира од повредата на листот и им се приклучи на тренинзите на Германија во нивната мундијалска база. Светскиот шампион од 2014 година паузираше три недели и ги пропушти контролните мечеви со Финска и САД, но на синоќешниот отворен тренинг пред 3.000 фанови покажа дека е максимално подготвен за предизвиците.

И покрај тоа што има 40 години и нема ниту еден подготвителен натпревар во нозете, селекторот Јулијан Нагелсман цврсто стои зад одлуката Нојер да биде неговиот прв избор за Светското првенство, потенцирајќи ја неговата неверојатна аура и богато искуство. Првиот предизвик за „Панцирите“ е в недела против аутсајдерот Курасао, што за Нагелсман е совршена можност за Нојер да влезе во ритам.

„Да имав 22-годишен голман, оваа ситуација ќе ми претставуваше проблем. Но, Мануел има одиграно толку многу натпревари во кариерата, што не му се потребни тест-мечеви за да го фати вистинскиот ритам“, изјави Нагелсман.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.