Мануел Нојер продолжува да ги поместува границите во светскиот фудбал. Легендарниот германски голман стана чувар на мрежата со најмногу настапи во историјата на Светските првенства, откако го одигра својот 21. натпревар на мундијалите.
Со тоа, Нојер го надмина поранешниот француски репрезентативец Хуго Лорис, кој кариерата на светските шампионати ја заврши со 20 настапи. Германецот уште еднаш потврди дека е еден од највлијателните голмани на својата генерација.
Ова е негово петто Светско првенство, а зад себе веќе има и освоена светска титула од 2014 година во Бразил, кога беше еден од клучните играчи во шампионскиот поход на Германија. Во текот на кариерата Нојер постави нови стандарди за модерниот голман со својата игра надвор од шеснаесетникот, сигурноста и лидерските квалитети.
И на 40-годишна возраст, искусниот чувар на мрежата продолжува да испишува историја и да додава нови рекорди во својата богата кариера.

