Меѓународен фудбал Фудбал

Ништо од трансферот, Ендрик останува во Реал Мадрид

Ендрик и во новата сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, откако според информациите на Фабрицио Романо, бразилскиот напаѓач нема да го напушти клубот во текот на летниот преоден рок. За услугите на 20-годишниот фудбалер постоел интерес од неколку европски клубови, меѓу кои и Ливерпул. Сепак, во Реал Мадрид немале намера да се разделат со младиот напаѓач, а таква била и желбата на самиот Ендрик.

Бразилецот вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Олимпик Лион, каде што остави солиден впечаток. На 21 натпревар постигна осум гола и запиша исто толку асистенции. Ендрик настапи и на Светското првенство во 2026 година, каде што доби шанса на четири натпревари, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Неговата актуелна пазарна вредност според Трансфермаркт се проценува на околу 40 милиони евра, додека договорот со Реал Мадрид му важи до 2030 година. По враќањето од Франција, Ендрик сега ќе има можност повторно да се наметне во составот на мадридскиот гигант и да покаже дека може да биде важен дел од иднината на клубот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.