Кошарка Меѓународна кошарка

Ништо од Партизан: Богдан Богдановиќ останува во НБА!

Сонот на навивачите на Партизан за враќање на Богдан Богдановиќ во Белград е одложен за уште најмалку една година. Според пишувањата на американските медиуми, капитенот на српската репрезентација пресече и реши да ја продолжи кариерата во најсилната лига на светот, ставајќи точка на приказните за негов камбек во Европа.

Сепак, големо прашање е каде бекот ќе игра следната сезона. По трансферот во Лос Анџелес Клиперс, тој имаше споредна улога со скромни 7,4 поени по натпревар, а финишот на годината главно го помина на клупата. Ваквиот статус ја отвори вратата за заминување од Калифорнија, што веднаш ги активираше евролигашките клубови кои почнаа да се распрашуваат за него. Самиот Богдановиќ неодамна призна дека му годи љубовта од црно-белите навивачи, но порача дека неговиот фокус е исклучиво во Америка, па опциите за враќање дома ќе бидат отворени дури следното лето.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.