Меѓународен фудбал Фудбал

Ништо од Алварез и Лаутаро: Планот Ц на Барселона е Луис Суарез!

Барселона се соочува со сериозен дефицит во нападот пред самиот старт на новата сезона. По заминувањето на Роберт Левандовски и договорениот трансфер на Феран Торес во ПСЖ, Каталонците итно мора да пронајдат класична „деветка“. Бидејќи преговорите за Хулијан Алварез пропаднаа поради цврстиот став на Атлетико Мадрид, а Интер не сака ни да слушне за продажба на Лаутаро Мартинез, раководството на Барса мора да го активира планот Ц, доведување на Луис Суарез.

Сепак, не станува збор за уругвајската легенда на клубот, туку за неговиот 28-годишен колумбиски имењак кој блеска во редовите на Спортинг Лисабон. Суарез зад себе има фантастична сезона во Португалија, каде што постигна дури 28 голови на 32 првенствени натпревари како директна замена за Ѓокереш. Иако Спортинг нема никаков финансиски притисок да продава откако летово заработи околу 200 милиони евра од заминувања, Барселона е подготвена да издвои најмалку 50 милиони евра за да го реши прашањето во шпицот, бидејќи во спротивно ќе мора привремено да се потпира на решенија како Карим Адејеми или Дани Олмо.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.