Меѓународен фудбал Фудбал

Ништо ново за Македонија… и Шкотска лесно славеше во Скопје! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација продолжува да го бара патот до првиот гол и првите бодови во новото издание на Лигата на нации. По третиот натпревар, Македонија остана со празна статистика во нападот, но и без бодовно салдо. На „Тодор Проески“ нашата селекција не успеа да го искористи домашниот терен, а Шкотска со дисциплинирана игра стигна до заслужена победа. Гостите го решија натпреварот со по еден погодок во двете полувремиња.

Шкотска уште на стартот покажа дека сака рано да го преземе натпреварот. По првиот обид на Енди Робертсон, кој го одбрани Столе Димитриевски, следуваше водство во шестата минута. Киран Боуви упати одличен удар од далечина и ја затресе македонската мрежа за 0-1. Македонија се обиде да одговори, а првата посериозна можност ја имаше преку Бојан Илиевски, кој се проби по десната страна, но шутираше покрај голот. До паузата Шкотите имаа уште една добра шанса преку Ганон-Доук, но тој не беше прецизен.

Во вториот дел гостите повторно беа поконкретни. Во 56. минута судијата Летесие првично досуди пенал за Шкотска по стартот на Гаштаров, но по прегледот на ВАР ја промени одлуката. ВАР повторно беше во центарот на вниманието во 69. минута, кога беше досуден пенал за Шкотска по игра со рака на Бојан Миовски. МекГин беше сигурен од белата точка и зголеми на 0-2.

Шкотска во финишот остана со десетмина по црвениот картон на Скот МекКена, но Македонија не успеа да ја искористи бројчаната предност. До крајот резултатот не се промени, па Шкотите ги освоија трите бода. За Македонија ова беше трет пораз во Лигата на нации, а репрезентацијата и понатаму е без постигнат гол во натпреварувањето.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.