Кошарка Меѓународна кошарка

Никси со неверојатен пресврт го срушија Кливленд! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Њу Jорк Никс поведоа со 1:0 во финалната серија на Источната конференција по неверојатен и историски триумф. Тимот од „Медисон Сквер Гарден“ ги совлада Кливленд Кавалирс со 115:104 по одигрувањето на едно драматично продолжение.

Оваа победа има епско значење бидејќи Никси во последната четвртина губеа со дури 22 поени разлика. Главниот пресврт го предводеше фантастичниот Џејлен Брансон со 38 поени, шест асистенции и пет скокови. Неговиот соиграч Микал Бриџис додаде 18 кошеви, додека Таунс, Ануноби и Харт уфрлија по 13.

Кај Кливленд најефикасен беше Донован Мичел со 29 поени, но тој целосно потфрли во клучните завршни минути. Џејмс Харден i Еван Мобли постигнаа по 15 кошеви, што сепак не беше доволно за гостински триумф. Домаќините во финишот направија чудесна серија од 44:11 и обезбедија недостижно водство во продолжението.

Ова е вкупно осма последователна победа за Њу Jорк, кој нема пораз во плејофот од крајот на април. Вториот натпревар од оваа финална серија ќе се одигра веќе во четврток, на теренот на Никси.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести