Кошаркарите на Њујорк Никс се наоѓаат на само една победа од пласман во големото финале на НБА лигата. Њујорк славеше на гостински терен против Кливленд Кавалирс со убедливи 121:108 и поведе со 3-0 во серијата. Тимот веќе во понеделник ќе ја има првата шанса да го завери својот прв пласман во финалето по 1999 година.
Никси ја продолжија бруталната форма и ја остварија петтата последователна гостинска победа со двоцифрена разлика во овој плеј-оф. Со овој триумф тимот израмни голем НБА рекорд и моментално се наоѓа во фантастична серија од десет победи по ред.
Најдобар поединец на теренот беше Џејлен Брансон кој постигна 30 поени со одлична игра во второто полувреме. Голема поддршка му беа Микел Бриџис со 22 и Ануноби со 21 поен на овој натпревар. Центарот Таунс исто така придонесе во победата со постигнати 13 поени и седум асистенции.
Кај поразените Кавалирс се истакна Еван Мобли со 24 поени, но тоа беше премалку за попозитивен резултат. Домашниот тим ниту во еден момент немаше предност и целосно потфрли во обидот да го сопре разиграниот противник.

