Македонски фудбал Фудбал

Николов и Велковски продолжуваат во Вардар

Шампионот Вардар продолжува со силно темпо да го зачувува костурот на тимот со кој планира нов јуриш на домашната сцена и силен пробив во Европа. Раководството на „црвено-црните“ повлече капитални потези во пресрет на новата сезона, врзувајќи ги клучните играчи на подолг рок.

Најтрофејниот македонски клуб и официјално ја осигура иднината на двајца клучни македонски репрезентативци, Дарко Велковски и Бобан Николов. Стамениот одбранбен фудбалер Велковски се обврза на нова верност која ќе трае до 30 јуни 2027 година, додека играчот од средниот ред, Николов, потпиша уште подолгорочен договор кој го врзува за клубот дури до летото 2029 година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.