По одржаната ждрепка за лигашката фаза во Лигата на Европа, македонскиот интернационалец Никола Серафимов и неговиот Левски Софија ги дознаа сите осум противници со кои ќе се соочат на патот кон нокаут-фазата во второто по ранг клупско натпреварување на УЕФА. Бугарскиот тим доби исклучително атрактивни ривали, а во Софија ќе гостува и италијанскиот гигант Милан. Отанатите противници се: Олимпик Марсеј, Салцбург, Викторија Плзен, Јагиелонија, Сандерленд, Лилестром и НЕК Најмеген.
Покрај дуелот со Серафимов и Левски, екипата на Милан доби интересен распоред во кој на домашен терен ќе ги пречека Бенфика, Ференцварош, Сандерленд и Арарат-Арменија, додека гостувања ги очекуваат кај Олимпијакос, Салцбург, Борнмут и Левски Софија.
Италијанскиот гигант Јувентус пред своите навивачи во Торино ќе одмери сили против Реал Сосиедад, Рен, Омонија и НЕК Најмеген, а противници на гостувањата ќе му бидат АЗ Алкмар, Ференцварош, Селта Виго и Хапоел Бер Шева.


