Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Никола Митревски останува во Еурофарм Пелистер, потпиша на 1+1

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со репрезентативниот голман Никола Митревски. Битолчани, полека, но сигурно го комплетираат ростерот и за наредната година, а токму одличниот Митревски денеска потпиша договор на една година со опција за продолжување на уште една.

Од таборот на клубот изјавија:

Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.
Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина.
Митревски е столб на репрезентацијата, а таа била и секогаш ќе биде составувана од најдоброто од Еурофарм Пелистер. Пред да се врати во нашиот клуб Митревски настапуваше и за Вардар, Металург, Констанца, Бенфика и Порто.
Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести