Според реномираниот ESPN, Никола Јокиќ отпаѓа од играта да биде МВП. Последните истражувања кои ги направија новинарите на ЕSPN со повеќе од 100 медиумски претставници, Шеј Гилџес-Александер има убедлива предност во трката за МВП со 958 поени и 88 гласа. Играчот е во одлична формава во текот на целата сезона и е клучен играч на Оклахома која доминира на Западот.
На листата Никола Јокиќ се наоѓа на изненадувачката трета позиција со 500 поени, иако неговиот трипл-дабл просек е 27,7 поени 13 скока и 10,8 асистенции. Второто место му припадна на Виктор Вембањама со 644 поени.
Истражувањата покажуваат дека доминантните играчи во лигата со години добиваат помала поддршка од гласачите. Местото број четири му припадна на Лука Дончиќ од Лос Анџелес Лејкерс.

