Кошарка Меѓународна кошарка

Никола Јокиќ избран во идеалната петорка на НБА лигата!

Најсилната кошаркарска лига на светот ги објави најдобрите тимови за оваа сезона, каде помладата генерација дефинитивно го презема приматот. На самиот врв немаше никакви дилеми, па српскиот центар Никола Јокиќ и МВП-то Шеј Гилџис-Александер со максимални 100 гласа ја предводат идеалната петорка. Покрај нив, во првиот тим се најдоа Виктор Вембањама, Лука Дончиќ и Кејд Канингем.

За Јокиќ ова е осми по ред настап во елитниот избор, што е најдолга активна серија во НБА. Најголемото изненадување годинава е отсуството на Леброн Џејмс, кој дури по вторпат во кариерата остана целосно без признание, бидејќи не ја исполни квотата од 65 одиграни меча. Поради истото строго правило, надвор од комбинација останаа и ѕвезди како Стеф Кари, Џоел Ембид и Јанис Адетокумбо.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.