Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, почна со кроење на тимот за следната сезона, продолжувајќи го договорот со хрватскиот интернационалец Никола Граховац. Според новиот договор, одличниот пикер ќе го носи „зелено-белиот“ дрес најмалку до крајот на следната сезона. Во договорот е вметната и клаузула за дополнително продолжување на соработката за уште една година, доколку двете страни бидат задоволни.
Граховац пред да дојде во Македонија настапуваше во Хрватска, Унгарија и Германија.

