Арсенал успеа да ја изгради најцврстата и најдобрата дефанзивна линија меѓу сите клубови во најсилните европски првенства. Избраниците на Микел Артета во рамките на 37. коло од Премиер лигата славеа минимален триумф над Барнли со 1:0. Ова беше вкупно осма победа за „топчиите“ со овој идентичен резултат во тековната и навистина успешна натпреварувачка сезона.
Лондонскиот гигант последен пат ваков сличен ефект имаше во далечната сезона 1998/99, кога дури девет пати триумфираше со 1:0. Арсенал годинава има импресивни 32 натпревари без ниту еден примен гол, што е апсолутно најдобар ефект во сите фудбалски конкуренции. Ниту еден друг европски тим во елитното друштво не успеа да стигне до магичната бројка од триесет „чисти мрежи“.
Фудбалерите на Арсенал викендов го играат последниот првенствен натпревар против Кристал Палас, каде можат дополнително да го подобрат својот биланс. Веднаш по завршувањето на домашните обврски, на 30 мај ги очекува и големото историско финале во Лигата на шампионите против ПСЖ.

