Меѓународен фудбал Фудбал

Нико Паз не сакаше назад во Реал: Во Комо ќе напредувам најмногу!

Нико Паз донесе одлука да продолжи да го гради своето име во Комо, наместо да се врати во Реал Мадрид, клубот во чија академија го направи првиот голем чекор во кариерата. Аргентинскиот репрезентативец сега откри и што пресудило во неговиот избор. Комо неодамна го откупи договорот на офанзивниот играч за 60 милиони евра, но Реал Мадрид задржа можност повторно да го ангажира. „Кралскиот клуб“ може да ја активира клаузата од 80 милиони евра по завршувањето на сезоната.

Сепак, Паз смета дека за неговиот фудбалски развој најдобрата средина во овој момент е токму Комо.

„Сметав дека тука во Комо ќе израснам најмногу. Мислам дека донесов правилна одлука и среќен сум што го направив тоа“, изјави Паз по убедливата победа од 4:1 над РБ Лајпциг во Лигата на шампионите.

Младиот Аргентинец имаше дополнителна причина за задоволство, бидејќи Комо приреди одлична европска вечер и стигна до убедлив триумф против германскиот тим.

„Ова беше историска вечер. Одигравме неверојатен натпревар и имавме огромна желба да играме на оваа средба. Мислам дека пристапивме на најдобар можен начин. Многу сме среќни поради нашето издание“, додаде Пас.

Неговите настапи во дресот на Комо продолжуваат да привлекуваат внимание, а останува да се види дали Реал Мадрид повторно ќе се обиде да го врати во своите редови.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.