Меѓународен фудбал Фудбал

Нико Паз ќе ја наследи култната „десетка“ на Меси во Аргентина

По официјалното повлекување на Лионел Меси од репрезентацијата на Аргентина, главното прашање во фудбалскиот свет беше кој ќе го преземе најтешкиот и најпрестижен дрес во историјата на „гаучосите“, култниот број 10.

Според информациите на реномираниот „ЕСПН Аргентина“, дилемата е веќе разрешена. Наследството што го градеа Марадона и Меси ќе му припадне на 21-годишниот Нико Паз, кој важи за еден од најталентираните млади фудбалери во Европа. Оваа одлука била донесена по сериозни интерни разговори во таборот на репрезентацијата, каде што уште пред официјалната објава беа подготвени за заминувањето на легендарниот капитен.

Меси го носеше дресот со број 10 две децении, а со неговата последна порака, „Дадов сè, немам повеќе што да дадам“, означи крај на една ера. Селекторот Лионел Скалони одлучи довербата да му ја даде тaкa на младиот Паз, кој веќе има запишано 11 настапи за сениорскиот тим.

Нико Паз е роден во Шпанија, а неговиот татко Пабло Паз исто така беше дел од аргентинскиот национален состав на Светското првенство во 1998 година. Сега, младиот офанзивец ја добива најголемата можна чест и одговорност во аргентинскиот фудбал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.