Раководството на Борусија Дортмунд му укажа максимална доверба на Нико Ковач, официјално продолжувајќи ја соработката со хрватскиот стратег до 30 јуни 2029 година. Заедно со Ковач, верност кон германскиот гигант потпишаа и неговите асистенти, Роберт Ковач и Филип Тапаловиќ.
Хрватскиот стручњак застана на кормилото на Дортмунд во јануари 2025 година кога тимот се наоѓаше на скромната 11. позиција во Бундеслигата. Со брза консолидација успеа да го одведе тимот до 4. место и пласман во Лигата на шампионите, а веќе следната сезона го освои вицешампионскиот пехар. Залетот продолжи и на стартот од тековната сезона, каде што Борусија забележа четири победи во воведните пет кола.
Спортскиот директор на Дортмунд, Ларс Рикен, истакна дека оваа одлука носи неопходна стабилност во клубот:
„На многу добар пат сме со Ковач уште откако ја презеде функцијата пред нешто повеќе од една и пол година. Тој во континуитет го развива тимот и ужива голема доверба и поддршка во клубот. Продолжувањето на договорот е јасен знак за континуитет и стабилност во Борусија.“
Задоволство од продолжувањето на соработката не криеше ниту самиот Ковач, кој порача дека клубот допрва го очекуваат големи работи:
„Заедно поставивме важни темели за иднината. Имаме јасна визија како функционираме како тим и што е потребно да ги оствариме нашите цели. Клучот е да не лежиме на старата слава, туку секојдневно да работиме за да бидеме уште подобри. Гледаме голем потенцијал и убедени сме дека заедно можеме да постигнеме многу“, истакна Ковач.

