Меѓународен фудбал Фудбал

Никлас Зиле се пензионираше на 30 години, па реши да игра аматерски фудбал!

Доскорешниот германски репрезентативец и досегашен член на Борусија Дортмунд, Никлас Зиле, донесе шокантна одлука за својата иднина и кариерата ќе ја продолжи во нисколигашот СВ Тифенбах. Иако има само 30 години, хроничните проблеми со повредите си го направија своето, па корпулентниот дефанзивец реши предвреме да се збогува со суровиот професионализам и да се пресели во аматерскиот фудбал.

Угледниот германски инсајдер Флоријан Плетенберг ја пренесе првата изјава на Зиле, кој порача дека парите веќе не му се никаков мотив во животот. Тој истакна дека со нетрпение очекува повторно да го доживее фудбалот од една целосно поинаква перспектива, каде што во преден план ќе биде чистата игра и дружењето, а не бизнисот, маркетингот и притисокот за заработка. Поради сериозните здравствени проблеми, Зиле минатата сезона одигра само 11 натпревари за тимот од Дортмунд, каде помина вкупно четири години.

Фудбалската јавност најдобро го памети Зиле од неговите златни денови во Баерн Минхен. Во текот на петте сезони поминати кај Баварците, тој освои дури 14 трофеи, вклучувајќи пет титули во Бундеслигата и една во Лигата на шампионите. За репрезентацијата на Германија запиша вкупно 49 настапи, но сега сврте сосема нов, романтичен лист во својата спортска приказна.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.