Авто-мото Други спортови

Невообичаен потег во Формула 1: Трката во Азербејџан ги менува правилата и ќе се вози во сабота

Предстојниот Формула 1 викенд во Баку ќе донесе значителни промени за сите љубители на брзините. Главниот спектакл за Гран При на Азербејџан нема да се одржи во традиционалниот неделен термин, туку ќе се вози еден ден порано, во сабота, на 26 септември.

Причината за ваквиот организациски потег пристигна на директно барање на локалните власти и државните институции. Имено, на 27 септември во Азербејџан се одбележува „Денот на сеќавањето“, национален празник посветен на војниците кои ги загубија своите животи во конфликтот во Нагорно-Карабах во 2020 година.

Поради ова, комплетната саатница во Баку е допрецизирана и поместена еден ден порано. Првите два слободни тренинзи се закажани за четврток, петок е резервиран за третата сесија и возбудливите квалификации, додека борбата за бодови на уличното борилиште стартува во сабота со почеток од 13:00 часот по средноевропско време.

Интересно е што оваа организациска модификација нема да биде еднократен исклучок. Според потврдените планови на Формула 1, истиот саботен концепт ќе се примени и за следната 2027 година, кога трката во Азербејџан исто така ќе се одржи во сабота, на 25 септември.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.