Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Невиден потег: ФИФА сака ново правило за пеналите уште за време на СП!

Необична идеја доаѓа од ФИФА во текот на Мундијалот. Светската куќа на фудбалот разгледува можност да го измени начинот на кој се одредуваат условите за пенал-сериите, со цел да се намали психолошката предност што може да ја добие една репрезентација. Според актуелните правила, пред изведувањето пенали судијата двапати фрла паричка, еднаш за избор на голот, а вторпат за одредување на тимот што прв ќе шутира. Тоа остава можност една селекција да ги добие двата избора.

Токму затоа ФИФА предлага нов модел: само едно фрлање паричка, по кое победникот ќе одлучи дали сака да го избере голот или правото прв да ги изведува пеналите. Идејата веќе била разгледувана со ИФАБ, телото задолжено за фудбалските правила. Доколку биде прифатена, промената би можела да стапи на сила уште пред почетокот на нокаут-фазата на Светското првенство.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.