Меѓународен фудбал Фудбал

Невиден хаос во Сантос, Нејмар жестоко ги нападнал соиграчите!

Нејмар повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не само поради настапот на теренот. Бразилските медиуми објавија дека искусниот напаѓач имал жестока расправија со дел од своите соиграчи во соблекувалната по натпреварот на Сантос против Чапекоенсе.

Според „Глобо“, Нејмар остро ги критикувал младите фудбалери Габриел Бонтемпо и Жоао Ананијас, а наводно користел и навредливи зборови кои предизвикале дополнителни тензии во тимот. Дел од играчите, особено странците, наводно се чувствуваат непријатно поради неговите бурни реакции и честите критики за време на натпреварите. Иронијата е што сето ова се случува по меч на кој Нејмар беше еден од најдобрите на теренот. Тој постигна два гола, од кои вториот беше од пенал во самиот финиш, со што му донесе бод на Сантос во ремито против Шапекоенсе.

Од таборот на Нејмар засега нема официјален коментар за обвинувањата, додека еден од прозваните фудбалери негираше дека бил навредуван, но потврди дека во соблекувалната имало жестоки критики. Според локалните медиуми, раководството на Сантос ќе одржи состанок за да ги разгледа сите детали околу инцидентот, кој само дополнително ги зголеми шпекулациите за нарушената атмосфера во тимот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.