Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, продолжи да соборува рекорди и да пишува историја во англиската Премиер лига. Со победничкиот погодок против екипата на Ковентри, норвешкиот голгетер оствари два големи успеси, ја затресе мрежата на 24. различен ривал во англиската елита и го постигна својот јубилеен 300-ти гол во клупската кариера.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 26. минута кога Халанд одлично реагираше на центаршутот на Антоан Семењо и со прецизен удар го совлада противничкиот голман за минимален триумф на Сити од 1:0. Со тоа, Ковентри стана 24. клуб во Премиер лигата против кој Норвежанецот се запишал во стрелците. Единствениот противник во англиското елитно друштво со кој се соочил, а против кој сè уште ги нема затресено мрежите, останува екипата на Сандерленд.
Овој погодок за норвешкиот репрезентативац имаше уште поголемо значење бидејќи ја заокружи импесивната бројка од 300 клупски погодоци, достигнување што го оствари на само 26-годишна возраст.
Голгетерското салдо на Халанд започна со 20 голови во тимот на Молде, продолжи со 29 погодоци за Ред Бул Салцбург и уште 86 во дресот на Борусија Дортмунд. Од неговото пристигнување во Манчестер Сити во летото 2022 година, тој веќе има постигнато неверојатни 165 голови, потврдувајќи го статусот на еден од најдоминантните напаѓачи во современиот фудбал.
View this post on Instagram

