Кошарка Меѓународна кошарка

Неверојатниот Флег повторно ги воодушеви сите

Купер Флег вечерва повторно го воодушеви кошаркарскиот свет, предводејќи го Далас до победа против Лејкерс (134:128), постигнувајќи 45 поени, притоа забележувајќи и 9 асистенции и 8 скокови. 19-годишниот американец, кому е ова прва сезона во НБА, на предходниот натпревар постигна 51 поен, со што стана најмладиот играч кој ја преминал границата од 50 поени, сега стана и првиот руки играч после Ален Ајверсон, кој врзал две последователни утакмици со најмалку 40 постигнати поени.

Со оваа победа екипата на Далас ја прекина црната низа од 14 порази по ред, што е најдолга во последните 32 години.

На поразената страна, кај Лејкерс, најефикасен беше Леброн Џејмс со 30 поени. Кај гостите од Лос Анџелес недостасуваа Дончиќ и Ривс поради повреди.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести