Ал Хорфорд и во својата јубилејна 20-та НБА сезона ќе го носи дресот на Голдeн Стејт Вориорс, откако одлучи да ја одбие помалата опција и потпиша нов двегодишен договор вреден 14 милиони долари. Искусниот центар, кој наполни 40 години, ќе стане дури 13-тиот кошаркар во историјата на лигата со ваков јубилеј, приклучувајќи му се на ексклузивното друштво на Леброн Џејмс, Винс Картер, Дирк Новицки и Карим Абдул-Џабар.
Доминиканецот одлучи летово да ги прескокне настапите за националниот тим за комплетно да се рехабилитира од повредите кои минатата сезона го лимитираа на само 45 натпревари. Со започнувањето на новата натпреварувачка година, Хорфорд ќе стане првиот играч во историјата на Голден Стејт кој настапил за франшизата со 40 или повеќе години, а воедно останува еден од само седумте кошаркари во НБА со реткиот учинок од најмалку 1.000 блокади и 1.000 погодени тројки.

