Австралискиот фудбалер Нестори Иранкунда и официјално е нов играч на Спортинг Лисабон, соопшти португалскиот клуб. 20-годишниот офанзивец потпиша договор со важност до 2031 година, а раководството постави и откупна клаузула во висина од дури 80 милиони евра. Иранкунда истакна дека го прифатил овoj нов чекор во кариерата по позитивните разговори со раководството и дека е целосно подготвен за предизвикот во клуб со толку богата историја.
Минатата сезона австралискиот репрезентативец настапуваше за Вотфорд, каде што на 42 натпревари забележа четири гола и пет асистенции. Покрај клупските настапи, тој зад себе има и забележителни игри на годинeшното Светско првенство, каде што одигра четири меча за Австралија и постигна еден погодок на дуелот против Турција.

