Боречки спортови Други спортови

Несреќно деби за Јаничиќ во УФЦ: Повреда на самиот почеток донесе пораз од Гуњон!

Црногорскиот ММА борец Милош Јаничиќ имаше несреќен почеток на својата УФЦ кариера, откако претрпе пораз со предавање од Французинот Ноа Гуњон уште во првата рунда. Јаничиќ влезе со големи амбиции во својот дебитантски меч на најголемата сцена, но борбата тргна во сосема погрешна насока по тешката повреда што ја заработи на самиот почеток.

При еден обид за удар со ногата, црногорскиот борец со стапалото директно го погоди лактот на Гуњон, кој одлично го блокираше ударот. По овој контакт, Јаничиќ почувствува силна болка, имаше проблеми да застане на стапалото и воопшто да го контролира, па се сруши на партерот. Иако се обиде да се одбрани од партер за да ја заврши рундата, повредата го оневозможи соодветно да парира, па Французинот брзо ја искористи можноста, презеде контрола на грбот и извлече гушење, со што го принуди Јаничиќ да ја предаде борбата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.