Меѓународен фудбал Фудбал

Нереални сцени во Краков: Полскиот великан Висла се врати во елитата на својот 120-годишен јубилеј!

Спектакуларни кадри пристигнуваат од улиците на Краков, каде што десетици илјади навивачи приредија славје за паметење. Полскиот фудбалски гигант Висла Краков конечно се врати во елитното друштво, ставајќи крај на четиригодишното мачење во втората лига.

Екипата ја запечати извонредната сезона со победа од 2:0 против Погоњ, со што во финишот му побегна на второпласираниот Шлонск со дури девет бода разлика. Големата прослава започна уште на трибините веднаш по последниот судиски свиреж, а потоа реката од навивачи се префрли на улиците. Епицентарот на лудилото беше на најголемиот средновековен плоштад во Европа, кој беше целосно обоен во црвено со нестварно факелијада на поддржувачите на „Белата ѕвезда“.

Овој голем успех доаѓа во најдобар можен момент – токму во годината кога клубот слави голем јубилеј, 120 години од своето основање. Патот до закрепнувањето не беше лесен, бидејќи пред само неколку години Висла се наоѓаше на работ на банкрот и целосна пропаст, но успеа да се спаси и експресно да се врати таму каде што историски припаѓа. За потсетување, тимот од Краков е еден од најважните фудбалски колективи во Полска со освоени 14 шампионски титули и 5 национални купови.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.