Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Непријатни вести за Норвежаните, огромни проблеми пред дуелот со Англија!

Норвешка се соочува со сериозни проблеми непосредно пред четвртфиналниот натпревар против Англија на Светското првенство, откако дел од репрезентативците биле погодени од стомачен вирус. Покрај здравствените проблеми, норвешката експедиција го напуштила хотелот во Мајами само еден ден по пристигнувањето поради незадоволство од условите за престој, со цел да обезбеди подобри услови за подготовка пред еден од најважните натпревари во поновата историја на репрезентацијата.

Голманот Орјан Ниланд потврди дека вирусот се проширил меѓу дел од играчите, но изрази надеж дека сите ќе бидат подготвени за дуелот со Англија. Норвешка и претходно имаше проблеми со здравствената состојба на фудбалерите на турнирот. Јерген Странд Ларсен пропушти еден натпревар поради висока температура, додека Маркус Холмгрен Педерсен не настапи против Бразил поради вироза. И покрај сите потешкотии, во норвешкиот табор веруваат дека тимот ќе биде комплетен за четвртфиналната пресметка.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.