Кошарка Меѓународна кошарка

Непријатни сцени во Белград, навивачки судир го засени големото евролигашко дерби! (ВИДЕО)

Непријатни сцени ја одбележаа атмосферата во „Белградска арена“, каде што дошло до жестока пресметка меѓу навивачите на Партизан и Црвена Звезда. Инцидентот се случил на горниот прстен од салата, на нивото 400, каде што приврзаниците на двата белградски ривали влегле во физички конфликт.

Според информациите на „Спорт клуб“, за време на судирот биле запалени и бакљи, а ситуацијата барала интервенција на полициските сили. Припадниците на полицијата пристигнале на трибините и со штитови и пендреци ги раздвоиле учесниците во пресметката. Дел од навивачите на Црвена Звезда привремено биле изведени од салата, по што повторно се вратиле во секторот резервиран за нив.

Репортерот на „Спорт клуб“ телевизијата, кој бил присутен на местото на настанот, оценил дека полициската реакција била задоцнета, посочувајќи дека тоа е негов личен впечаток врз основа на виденото. Инцидентот уште еднаш ги стави во фокус тензиите што го следат големото белградско ривалство, наместо вниманието да биде насочено исклучиво кон кошарката.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.