Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар во победата на Баерн, на гостувањето кај Виртус Болоња, со резултат 80:85. Нено забележа ,,дабл-дабл” со 11 поени и 10 скока, а забележа и 3 скока.
Најефикасен на натпреварот беше Мат Морган од Виртус Болоња, со 28 поени. Кај гостите од Минхен, Мек Кормак беше најефикасен и постигна 24 поени.

