Оваа сезона Атина ќе биде домаќин на завршниот Ф4 турнир во Евролигата, а органираторите објавија дека повеќе нема билети во продажба. Грците важат за народ кој ја сака кошарката, а на Ф4 турнирот кој ќе се одржи во нивниот главен град, можно е да имаат и два свои претставника, Олимпијакос кој заврши како лидер во регуларниот дел од сезоната и Панатинаикос кој својот пласман во наредната фаза се уште го нема обезбедено.
Фајнал-фор турнирот во Евролигата ќе се одржи од 23 до 25 мај, а домаќин ќе биде Атина.

