Илјада години откако нивните предци првпат стапнаа на американското тло, Норвежаните повторно извршија масовна инвазија врз Америка, овој пат преку авиокомпаниите и со фудбалска топка во нозете. Улиците на Њујорк и трибините на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси деновиве се обоени во црвено, а ехото од препознатливиот викиншки крик создава невиден делириум меѓу повеќе од 20.000 фанови.
За разлика од останатите навивачи кои постојано се жалат на превисоките мундијалски трошоци, богатите Норвежани максимално уживаат на Менхетен без воопшто да гледаат во ценовниците, бидејќи во САД им е дури и поевтино отколку дома. По речиси три децении чекање на настап на Светските првенства, тие ги живеат најубавите денови, потпирајќи се на генерација за која се верува дека е најсилната во нивната фудбалска историја.
Norway 🇳🇴 Aura !
Erling Haaland is on the different level. pic.twitter.com/IfojUPx0gv
— ɢᴜʀᴘʀᴇᴇᴛ ꜱɪɴɢʜ ᴍᴀᴀɴ (@_Gurpreetmaan) June 23, 2026
Неверојатна мундијалска коинциденција е што во деведесеттите години на американско тло играа татковците Алф-Инге Халанд, Јоран Серлот и Ерик Торствет, а денес на истите тие терени нивните синови Ерling Халанд, Александар Серлот и Кристијан Торствет ги предводат соништата на нацијата која веќе отворено типува на пласман во четвртфиналето.
Ruuu pic.twitter.com/yJo3I3vzTs
— Aleksandar Gligoric (@aco_gli) June 23, 2026
Иако лошото време и поројниот дожд го претворија лошиот приод кон стадионот во вистинска кал, тоа воопшто не ја расипа забавата на трибините каде што паднаа пет гола. По големата победа над Сенегал и официјално обезбедениот пласман во нокаут-фазата, норвешките репрезентативци веднаш дотрчаа пред својата најогнена трибина, поседаа на тревата и заедно во ист ритам со навивачите симулираа „викиншко веслање“, демонстрирајќи ја неверојатната хемија и взаемно почитување со публиката.
Дури ни големата бура и провлата на облаците по натпреварот не успеаја да им ја тргнат насмевката од лицето. Додека целосно мокри се евакуираа од стадионот кон нивната следна база во Бостон, Норвежаните со гордост коментираа дека ниту нивните предци никогаш не пристигнувале суви во Америка. Со ваква страшна енергија од трибините и огромен квалитет на теренот, моќните „викинзи“ се подготвени да веслаат уште долго на овој Мундијал.

