Меѓународен фудбал Фудбал

Нејмар во Интер Мајами? Се најавува повторно обединување со Меси и Суарез!

Нејмар би можел да направи голем трансфер во Интер Мајами и повторно да заигра заедно со Лионел Меси и Луис Суарез. Оваа можност ја најави неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата на Бразил, Фелипе Мело. Мело, кој е близок пријател со Нејмар, за „Gols do Brasileirao“ изјави дека во кругот околу фудбалерот се зборува за негово заминување од Сантос и преселба во Мајами, најверојатно на почетокот на следната година.

Тоа би значело повторно обединување на славното трио од Барселона. Нејмар, Меси и Суарез заедно настапуваа на „Камп Ноу“ од 2014 до 2017 година, период во кој постигнаа дури 363 гола. Нејмар се врати во Сантос во јануари 2025 година по неуспешната епизода во Ал Хилал, каде често беше надвор од терените поради повреди. Во кариерата настапуваше и за Пари Сен Жермен и Барселона, а евентуалниот трансфер во Интер Мајами би бил ново поглавје во неговата богата кариера.

Засега станува збор само за најава, но доколку трансферот се реализира, фудбалскиот свет би можел повторно да го гледа едно од најпознатите напаѓачки триа на модерната ера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.