Меѓународен фудбал Фудбал

Нејмар стави крај на репрезентативната кариера!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар и официјално стави крај на својата репрезентативна кариера, со што се затвора едно од најуспешните поглавја во историјата на „Селесао“. Напаѓачот со емотивна порака потврди дека повеќе нема да го носи националниот дрес по 16 години настапи за својата земја.

„Моето време во репрезентацијата заврши. Верувам дека испишав историја, бев среќен, дадов сè од себе и секогаш се борев за жолтиот дрес. Но, чувствувам дека веќе е време да застанам“, изјави 34-годишниот Бразилец.

Нејмар зад себе остава импресивна репрезентативна статистика. Во дресот на Бразил одигра 130 натпревари и постигна рекордни 80 голови, со што го надмина легендарниот Пеле на вечната листа на стрелци. На своето конто запиша и 59 асистенции. Со Бразил ја освои титулата на Купот на конфедерации во 2013 година, играше финале на Копа Америка во 2021 година, а со олимписката репрезентација го освои златниот медал на Игрите во Рио 2016 и среброто во Лондон 2012. Со неговото повлекување завршува една значајна ера за бразилскиот национален тим.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.