Нејмар, кој моментално настапува за Сантос, излезе со неочекувана и револуционерна идеја за модификација на фудбалските правила.
Во своето гостување на „Ziggo Sport“, бразилската суперѕвезда предложи офсајд правилото да се применува исклучиво при високи топки, додека при ниските додавања или оние под нивото на градите, ова правило воопшто не би требало да постои.
Овој предлог на поранешниот ас на Барселона и ПСЖ веднаш предизвика интерес кај фудбалската јавност, отворајќи дебата за тоа како една ваква измена би влијаела на динамиката на играта. Инаку, Нејмар сезонава прикажува солидна форма, со 4 постигнати гола и 3 асистенции на 8 одиграни натпревари, што му дава дополнителна тежина на неговиот поглед кон развојот на модерниот фудбал.

