Меѓународен фудбал Фудбал

Нејмар со голови го „брка“ списокот за САД!

Фудбалскиот свет отсекогаш бил поделен околу неговиот карактер, но никогаш околу неговиот несекојдневен талент кој се чини дека добива нова димензија во залезот на кариерата. Додека многумина го отпишаа, Нејмар во својот матичен Сантос покажува дека сè уште ја поседува онаа препознатлива искра што може да го запали секој стадион. Прашањето кое сега го преокупира Бразил не е дали тој знае да игра, туку дали неговото искуство е клучниот зачин што му недостига на „Селесао“ за светскиот трон.

Нејмар продолжува со извонредните партии во бразилскиот шампионат, постигнувајќи го својот шести гол сезонава во триумфот на Сантос над Брагантино со 2:0. Оваа победа беше од витално значење за неговиот тим, кој со четвртиот успех во низа успеа да се искачи на 15-тата позиција на табелата. Ветеранската форма на 34-годишниот напаѓач не е случајна, тој беше стрелец и во во рамките на Копа Судамерикана против парагвајска Реколета, потврдувајќи дека е во голгетерска серија.

Главниот фокус на јавноста е насочен кон 18 мај, денот кога селекторот Карло Анчелоти ќе го објави списокот на патници за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Нејмар не крие дека неговата најголема желба е уште еднаш да го облече најдрагиот дрес на планетарниот собир кој започнува на 11 јуни. Со оглед на неговата константност и лидерска улога во Сантос, притисокот врз италијанскиот стратег расте, дали ќе му даде шанса на легендарниот ас за уште еднаш да се обиде да го донесе „златниот божица“ во татковината?

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести