Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Нејмар се повреди пред Мундијалот, но лекарите носат добри вести!

Бразилските фанови можат да здивнат откако пристигнаа нови информации за здравствената состојба на нивната прва ѕвезда. Искусниот 34-годишен офанзивец Нејмар заработи полесна повреда на десниот лист за време на тренинзите. Сепак, неговото учество на претстојниот планетарен фудбалски собир воопшто не е доведено во прашање.

Официјалниот доктор на Сантос, Родриго Зогаиб, објасни дека се работи за безопасен оток на мускулот. Медицинскиот персонал внимателно ја следи неговата рехабилитација со цел тој побрзо да се врати во ритам. Се очекува Нејмар веќе идната седмица да започне со полесни тренинзи во бразилскиот табор.

Главната фаза од закрепнувањето во моментов се одвива во тренинг-центарот на неговиот матичен клуб Сантос. Зад целиот процес стои неговиот личен медицински тим во координирана соработка со докторите од федерацијата. Сите работат максимално за напаѓачот да го дочека шампионатот во врвна натпреварувачка форма.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.