Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Нејмар конечно се приклучи на тимските тренинзи на Бразил во Њу Џерси

Од таборот на петкратниот светски првак Бразил пристигнуваат одлични вести за навивачите. Главната ѕвезда на тимот, 34-годишниот Нејмар, за првпат тренираше со соиграчите откако репрезентацијата пристигна во Њу Џерси. Напаѓачот, кој се рехабилитира од повреда на десниот лист, најпрво работеше индивидуално, а потоа се вклучи и во дел од тимските активности, со што се подгреаа надежите дека ќе може да настапи на следниот меч против Хаити во Филаделфија.

Сепак, Бразилската фудбалска федерација и селекторот Карло Анчелоти немаат намера да ризикуваат со предвремено враќање на теренот. Искусниот ас ја обнови повредата на неодамнешниот клупски натпревар против Коритиба (0:3), што беше само продолжение на малерите кои го оддалечија од националниот дрес речиси три години.

По разочарувачкото реми од 1:1 против Мароко на стартот, притисокот врз „селесао“ е огромен. Токму затоа, враќањето на Нејмар во вистински ритам се смета за клучен фактор во мисијата на Бразил да стигне до долгоочекуваната шеста мундијалска титула.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.