Меѓународен фудбал Фудбал

Нејмар ја разреши дилемата околу пензионирањето

Бразилскиот ас Нејмар стави крај на репрезентативната кариера по елиминацијата од Норвешка на Мундијалот, но сè уште нема намера целосно да ги закачи копачките на клин. 34-годишниот офанзивец потврди дека останува максимално посветен на Сантос барем до истекот на неговиот договор во декември.

Нејмар истакна дека воопшто не размислува за дефинитивно повлекување од терените во овој момент. Тој нагласи дека неговиот фокус е ставен на давањето максимум за клубот, додека сите опции за кариерата ќе ги разгледува дури на крајот од годинава.

Поранешниот член на Барселона и ПСЖ се врати во Сантос на почетокот од 2025 година, каде што успеа да запише 19 погодоци на 46 мечеви. По завршувањето на декемвриските обврски, бразилската ѕвезда ќе одлучува дали ќе го продолжи договорот, ќе премине во нов клуб или ќе замине во пензија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.