Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Нејмар го прескокнува и дуелот со Хаити!

Бразилската суперѕвезда Нејмар сè уште не тренира со националниот тим и беше подложен на нови медицински прегледи во локална клиника поради повреда на листот на десната нога. Иако дел од медиумите најавуваа дека постои шанса тој конечно да им се приклучи на соиграчите во подготовките за натпреварот против Хаити на Светското првенство, фудбалерот на Сантос мораше да оди на дополнителни снимања. Бразилската фудбалска конфедерација сè уште ги нема објавено официјалните резултати од прегледите.

34-годишниот Нејмар се повреди уште на 17 мај додека настапуваше за Сантос, па сè уште е под голем знак прашалник кога воопшто ќе може да му помогне на Бразил на овој Мундијал. Напаѓачот нема одработено ниту еден комплетен тренинг со екипата откако репрезентацијата ги започна подготовките во Њу Џерси. Бразилските медиуми пренесуваат дека лекарскиот тим во моментов се надева и прави сè за да го оспособи Нејмар барем за нокаут фазата на шампионатот.

Бразил имаше прилично резервиран старт во групата Ц откако во првото коло одигра нерешени 1-1 против Мароко. Следниот предизвик за „кариоките“ е натпреварот против Хаити кој е закажан за 20 јуни, а тимот ќе мора да брка победа без својот главен фудбалер на теренот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.