Манчестер Сити засега не успева да постигне договор со Родри околу продолжување на соработката. Иако англискиот шампион пред извесно време му понудил нов договор на шпанскиот репрезентативец, разговорите моментално се стопирани. Родри не сака да брза со одлуката и целосно е фокусиран на настапите на Светското првенство, оставајќи ја клупската иднина во втор план. Од „Етихад“ внимателно ја следат ситуацијата, свесни дека секое одолговлекување може да создаде дополнителни компликации.
Во изминатиот период името на шпанскиот играч за врска често се поврзуваше со можен трансфер во Реал Мадрид, но според последните информации такво сценарио во моментов не е на дневен ред. И покрај застојот во преговорите, двете страни сè уште имаат доволно време да најдат заеднички јазик и да ја продолжат успешната соработка.

