По пропаѓањето на првичниот проект за формирање посебна „НБА Европа“, најсилната светска кошаркарска лига го активираше својот план Б – директно купување на Евролигата.
Како што пренесува италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“, Американците не се откажуваат од експанзијата на „Стариот континент“ и веќе подготвуваат официјална понуда која треба да пристигне до крајот на овој месец. Откако сите водечки европски клубови му дадоа верност на сегашното натпреварување со нови договори, НБА сфати дека единствен начин за влез на овој пазар е преземање на комплетната организација.
Клучниот момент за иднината на европската кошарка ќе се случи на 5 октомври на езерото Комо. Челниците на Олимпија Милано организираат вонреден состанок за сите сопственици на клубовите од Евролигата, каде што главен фокус ќе биде анализата и носењето одлука за прифаќање или одбивање на американската понуда.
Иако Евролигата претходно најави своја реформа и зголемување на бројот на учесници со поделба по групи од сезоната 2027/28, евентуалниот влез на НБА капитал може од корен да ја промени мапата на европската кошарка. Насоката во која ќе се движи овој спорт ќе стане позната токму по состанокот во Италија.

