Кошарка Меѓународна кошарка

НБА лигата не му прости: Џејлен Браун ќе плати „солена“ казна

НБА лигата изрече остра парична казна за кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун, кој ќе мора да плати 50.000 долари поради јавно критикување на судиите. Казната доаѓа по неговите жестоки коментари по елиминацијата на Селтикс во седмиот натпревар од првата рунда на плеј-офот против Филаделфија (100:109), во кој тој сметаше дека судењето било тенденциозно.

Браун не ги бираше зборовите по натпреварот, изјавувајќи дека поединечни судии треба да бидат под истрага бидејќи, според него, намерно му досудувале прекршоци при неговите продори кон кошот.

„Постојат некои судии кои треба да се истражат. Секој добар кошаркар го прави ова. За што зборувате? Очигледно имаа намера“, порача Браун.

Ова не е првпат Браун да биде на мета на дисциплинските органи на лигата, со оглед на тоа што во јануари годинава веќе беше казнет со 35.000 долари поради сличен испад по поразот од Сан Антонио.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести