Кошарка Меѓународна кошарка

НБА го стопираше трејдот на Каваи Ленард во Торонто!

Големиот трејд меѓу Лос Анџелес Клиперс и Торонто Репторс за суперѕвездата Каваи Ленард е привремено стопиран од НБА лигата. Според инсајдерот Шемс Шаранија, договорот нема да се официјализира сè додека не заврши истрагата за работењето на Клиперс.

Проблемот е поврзан со случајот околу компанијата „Аспирејшн“ и Џо Санберг, кој веќе е осуден за измама. Лигата истражува дали клубот нелегално пренасочувал дополнителни пари кон Ленард преку оваа фирма. Раководството на Клиперс категорично ги демантира ваквите тврдења.

Двата тима постигнаа начелен договор за трејдот уште на 30 јуни. Сепак, раководството на лигата побара од Торонто да го преземе ризикот од потенцијалните казни. Канадската франшиза одби такво нешто и реши да го почека крајот на истрагата.

Репторс и понатаму имаат огромна желба да го вратат Ленард во своите редови. Сепак, реализацијата на овој голем летен трансфер ќе остане во магла во наредниот период.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.